874
Првичната објава во локални медиуми во Велес, дека синоќа во болницата починала 23-годишна девојка позитивна на вирусот, предизвика вознемиреност кај јавноста. Сепак, не 23, туку 36-години имала пациентката од Иванковци, која синоќа починала од ковид во велешката болница, информираат од болницата.
Грешната информација за возраста на девојката се случила ненамерно, од страна на болницата, од каде се извинија. Таа била хоспитализирана во модуларната болница седум дена, била со церебрална парализа, параплегија и епилепсија.