Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји му рекол денеска на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека тензиите во врска со Тајван се предизвикани од поддршката на американските сили кои се залагаат за негова независност, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
Кинескиот министер и државен советник Ванг Ји ги повика САД да го поправат својот „погрешен курс“, како што се наведува, по различни прашања и да ги вратат кинеско-американските односи на колосек на здрав развој, пренесе Ројтерс.
На состанокот на маргините на самитот на Групата 20 во Рим, Ванг Ји му рекол на Блинкен дека Тајван е најчувствителното прашање во нивните односи, се додава во соопштението.