ЏОН БОН ЏОВИ бил позитивен на коронавирус, поради што го откажал синоќешниот концерт во Мајами Бич. Претставникот на Бон Џови за „Variety“ изјави дека музичарот се чувствува добро и дека претходно бил вакциниран.
Имено, тој требаше да одржи концерт со бендот по повод Ноќта на вештерките. Непосредно пред настапот, братот на Џон, Мет, излезе на сцената и им кажа на посетителите на концертот дека пејачот е позитивен на корона.
„Њујорк пост“ пишува дека членовите на бендот морале да бидат тестирани со брзи антигенски тестови пред концертот. Делот од бендот кој беше негативен го исполни својот дел од настапот пред публиката.
Инаку, клавијатуристот на бендот. Дејвид Брајан. исто така. се зарази со коронавирус минатата година. Тој потоа им порача на фановите на социјалните мрежи дека не треба да се плашат од короната.
Додаде дека луѓето треба да бидат обединети за што полесно да се надмине пандемијата.