Почина еден од основачите на Бон Џови

од Stefanija Kuzmanovska

Басистот на познатиот бенд Бон Џови, Алек Џон Саш почина на 71-годишна возраст.

Веста на Твитер ја објави бендот кој преку видео се прости од својот басист. Причината за смртта не е објавена.

„Нашите срца се скршени од веста за смртта на нашиот драг пријател Алек Џон Саш. Тој беше оригиналот. Како еден од основачите на Бон Џови, тој беше составен дел на бендот. Преку него сите го најдовме патот еден до друг. Тој беше пријател на Тик од детството и го донесе Ричи на еден настап. Секогаш беше див и полн со живот. Денес тие спомени ми носат солзи во очите. Ќе ни недостига“, стои во објавата на Твитер.

Слични содржини