Зверев ја освои петтата титула сезонава и израмни рекорд

од Vladimir Zorba
382 прегледи

Германецот Александар Зверев победи на турнирот од серијата 500 во Виена. Четвртиот светски играч во финалето го совлада Американецот Френсис Тиафо во два сета со резултат 7:5, 6:4 и потврди дека е во одлична форма пред Мастерсот во Париз.

Зверев за час и 35 минути стигна до 18-иот трофеј во кариерата, односно петти во 2021 година. Тој претходно оваа сезона славеше во Акапулко, Мадрид, Олимписките игри во Токио и Синсинати.

Само норвешкиот тенисер Каспер Руд освои пет пехари во 2021 година.

Интересно е да се напомене дека Зверев има забележано само два неуспеси од 5 јули, кога беше поразен во осминафиналето на Вимблдон од Феликс Оже Алијасим – во полуфиналето на УС Опен од Новак Ѓоковиќ и Тејлор Фриц во четвртфиналето на Индијан Велс.

Во меѓувреме победи на Олимписките игри, Синсинати и Виена.

Германецот во второто коло на Мастерсот во Париз ќе се сретне со Душан Лајовиќ или Мекензи Мекдоналд.

Слични содржини