Напаѓачот на Барселона, Серхио Агуеро (33) беше пренесен во болница откако се пожали на болки во градите и вртоглавица за време на првенствениот натпревар со Алавес во саботата.
Пристигнаа резултатите од тестот и на фудбалерот му беше дијагностицирана срцева аритмија. Аритмија значи абнормален срцев ритам и обично вклучува неправилности во фреквенцијата и редоследот што може јасно да се видат на ЕКГ. Може да се појави и во нормално и здраво срце.
Агуеро неколку пати и сигнализираше на својата клупа дека сака да биде надвор од игра. Непосредно пред замената лежеше на тревата држејќи се за градите. На помош ми дојдоа соиграчите, но и противничките играчи.
– Ми кажаа дека чувствува вртоглавица. Само што дознав дека е однесен во болница и не можам да кажам ништо повеќе – изјави тренерот Серхи Бархуан по средбата со Алавес.
Според информациите од Барселона, Аргентинецот е мирен, се чувствува добро, но го чека пауза. Тој нема да патува на мечот во Киев со Динамо во Лигата на шампионите.
Аргентинецот долги години играше за Манчестер Сити, со што стана рекордер и најдобар стрелец во историјата на клубот. За „граѓаните“ постигна 260 гола на 390 настапи.
Тој во Барселона пристигна „по наговор“ на својот кум Лионел Меси, со кого сакаше да игра, како во дресот на аргентинската репрезентација, но Меси ги напушти Каталонците и потпиша за ПСЖ поради финансискиот колапс на клубот.
Тој постигна еден гол за Барселона, неодамна против Реал Мадрид.