518
Излезноста беше поголема во претпладневните часови. Размислувањето може да биде резултат од две работи. Прво, некој од политичките партии обезбедил мобилизација или некој од првиот круг излегле на протестно гласање. Во Бутел на пример, моја прогноза е дека помала е излезноста во местата со етнички Албанци, рече поранешниот министер за финансии, Трајко Славески во дебатната емисија на ТВ Телма.
Тој наведе дека има податок од нивните набљудувачи дека во Сарај, Шилегов ќе однесе победа, но помалку отколку во првиот круг.
-Во Аеродром и Лисиче од првичните информации убедливо води кандидатката Данела Арсовска. Сепак, ќе одлучи помалата излезност во средините со етнички Албанци, смета Славески.