434
Билал Касами, кандидат на Беса за градоначалник на Тетово, засега води на овие избори пред неговата противкандидат сегашната градоначалничка Теута Арифи.
Аријанит Хоџа од Движењето БЕСА на прес-конференција рече дека Билал Касами има предност од над 5.500 гласа пред кандидатката на ДУИ, Теута Арифи.
Според броењето на гласовите, мојот противкандидат има повеќе гласови и општината ќе има нов градоначалник, изјави вечерва кандидатката на ДУИ за градоначалник на Тетово, Теута Арифи на прес-конференција.
Таа му честиташе на Билал Касами и се заблагодари на сите кои гласаа за неа.
-Прогресивноста секогаш е на наша страна, рече Арифи.
Според досегашните резултатит објавени од ДИК, после 24,79 % изброени гласови, Касами има 4949 гласови, а Арифи 3239.