455
Во Општина Центар кандидатот на СДСМ Горан Герасимовски е во водство од 489 гласови, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Наташа Котлар – Трајкова.
Според досега обработените податоци од Државната изборна комисија Герасимовски освои 3.293 гласови, односно обработени се 51,68 проценти од вкупниот број гласачки ливчиња за оваа општина.Наспроти него Котлар – Трајкова освои 2.804 од досега обработените гласачки ливчиња, што во проценти изнесува 44,01.