491
Не ме изненадуваат резултатите. Конечно големите партии ги разбраа пораките од гласачкото тело. Граѓаните се тие кои што ја даваат и одземаат победата, рече кандидатот на ЛДП/ДОМ, Бени Шаќири во дебатната емисија на ТВ Сител, говорејќи за изборите во земјава.
Според него, сите политички фактори треба да сфатат да им служат на граѓаните.
-Во изминатите 30 години беше обратно. После само 4 години кај нас се смени власта. ЛДП и јас сме задоволни од резултатот на овие избори. Со нула пари и бодови, со мала незначителна кампања, да освоиш 9000 гласови е нешто големо, вели Шаќири.