Заев: Ја презема одговорноста за лошите резултати од овие избори

од Берта Китинска
295 прегледи

Ја преземам одговорноста заклучно со резултатите на вие избори. Поднесувам оставка како премиер и претседател на СДСМ, рече Зоран Заев на прес-конференција.

„Сакам да споделам разочараност кај мене и кај народот. На овие избори видовме сојузи на жртви и насилници од 27 април. Се здружија без каков било образ за глас и пари.Останувам на ставот, не треба да има вонредни парламентарни избори. Ќе останам периодов додека треба, да се организира нова влада со прогресивно мнозинство кое го има, а може и да се прошири. Горд сум што ја внесовме заедно земјата во НАТО. Лани добивме препорака за почеток на преговорите со ЕУ. Попис спроведовме. За нас прогресивните кои им се радувавме на овие успеси, за жал дојде политичка казна. Разочараност за мнозинството кое ги избра истите кои пред само четири години тргнаа да убиваат луѓе во парламентот. Се здружија жртви и насилници. Јас сум донел слобода и демократија, а демократијата подразбира поднесување одговорност“, кажа Заев.

Слични содржини