„Цело Скопје вмровски град“: ВМРО-ДПМНЕ ја слави победата

од Берта Китинска
523 прегледи

Кандидатката за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска прогласи победа во Скопје.

Во оваа кампања, противник не ми беше само градоначалникот Шилегов, туку и премиерот во заминување, изјави новата градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска на прес-конференција.

Таа изрази благодарност до сите за поддршката.

-Продолжуваме достојно и после црната кампања против мене. Вечерва славиме, а од утре почнуваме со работа и реализација на проектите уште во првите 82 дена. После 30 години, Скопје има жена градоначалник. Ви благодарам од се срце, рече Арсовска.

Според неа, разликата со Петре Шилегов, кандидатот на СДСМ, е повеќе од 20 000 гласови.

Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕсо зурли, тапани и факли се прослaвува победата во Скопје.Симпатизерите на партијата скандираат: „Цело Скопје вмровски град.“

Петре Шилегов, на својата вечерашна прес конференција ѝ честиташе на противкандидатката, Данела Арсовска и се заблагодари на целиот тим што работел со него во изминатите четири години.

-Дозволете ми најпрво да ви честитам на изборот, да и честитам на г-ѓа Арсовска. Благодарност за сите граѓани и активисти кои дадоа поддршка. Благодарност на моето семејство, за екипата со која оставивме неизбришливи траги. Булевари, мостови, улици е нешто што ќе остане засекогаш.Нема да дзволиме силување на градот како што беше во минатото на крајот на мандатот успеав Скопје кое го свртевме во обратен правец од кој нема враќање назад , кажа Шилегов.

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа и во Охрид и во Битола. Кандидатот на опозицијата за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, на својот фејсбук-профил објави дека победил во вториот круг од изборите против Константин Георгиевски од СДСМ.„Благодарам Охриде. Победа“, напиша тој. Партијата започна прослава и за победата на својот кандидат, Тони Коњановски во Битола.

Слични содржини