На самитот COP26, британската кралица Елизабета апелираше до светските лидери да се издигнат над политиката за момент и да создадат побезбедна и постабилна иднина за планетата.
Таа во видеопорака рече дека многу луѓе се надеваат оти времето на зборови сега поминало во време за акција.
Британската кралица порача дека тие треба да се издигнат над политиката на моментот.
Таа истакна дека е многу горда на нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип и другите членови на семејството поради поттикнување на заштитата на животната средина.
Кралицата Елизабета Втора требаше да присуствува на конференцијата на Обединетите нации во Глазгов, но претходно го сними своето обраќање минатата недела во замокот Виндзор, откако и беше советувано да се одмори по лекарски прегледи.
Своето излагање го заврши со порака дека „никој од нас нема да живее вечно“, пишува Sky news.
“None of us will live forever. But we are doing this not for ourselves, but for our children and our children’s children.”
— Queen Elizabeth’s message to the #COP26 climate summit pic.twitter.com/iWppESNDYV
— The Recount (@therecount) November 1, 2021