Кејт Мидлтон прекрши правило кое мораше да го следи со години поради кралицата Елизабета

од Stefanija Kuzmanovska

Британското кралско семејство традиционално го прослави Велигден во замокот Виндзор.

Кралот Чарлс Tрети во придружба на неговата сопруга кралицата Камила, синот принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон и нивните деца, отидоа на велигденска миса во капелата Свети Џорџ во Виндзор, Беркшир.

Сите модно одговараа и носеа облека во сина боја, додека најголемо внимание привлече принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, која блескаше во капут на Кетрин Вокер. Таа го носеше и порано, минатата година на Денот на Комонвелтот, но Кејт е позната по тоа што ги рециклира своите комбинации.

Мидлтон не ја тргна насмевката од нејзиното лице, како и нејзиниот сопруг Вилијам и нивните деца, а таа тргна кон црквата држејќи го за рака својот најмлад син Луис.

Сепак, после тој ден многу се пишуваше за еден детал кој немаме традиција да го гледаме кај Кејт.

Имено, таа носеше црвен лак, додека најчесто се држи до неутрални бои или воопшто не носи лак.

Тоа започна од кралицата Елизабета Втора која никогаш не беше виден во јавноста со лакирани нокти и која практично го воведе правилото дека на жените во кралското семејство им е забрането да користат лакови со светли бои.

Се чини, сепак, сега можеби ќе видиме промени во модните правила или барем малку помалку строга традиција.

Слични содржини