Српски аналитичар: ВМРО-ДПМНЕ нема да може да го загрози Преспанскиот договор

од Nikola Popovski
470 прегледи

Српскиот политички аналитичар, Стеван Гајиќ од белградскиот Институт за европски студии смета дека позицијата на Зоран Заев стана неодржлива по изборниот пораз и дека предвремените парламентарни избори во Северна Македонија се неизбежни. Вели дека на тоа нема да се спротивстави ниту Вашингтон, страна чиј став секогаш треба да се има предвид кога станува збор за Македонија.

Според него, предвремените парламентарни избори ќе му го донесат на Скопје неопходниот одмор од постојаната борба со Софија околу пристапот во ЕУ.

„Ми се чини дека Вашингтон води поинаква политика од Брисел и Берлин кои ги поддржаа сите балкански режими и дека тоа ќе ги мотивира Македонците логичното продолжение на овој колосален пораз на СДСМ да бидат предвремени парламентарни избори“, тврди Гајиќ, во изјава за „Спутник“.

Тој смета дека по евентуалните предвремени избори нема да има политички промени – ВМРО-ДПМНЕ нема да може да го загрози Преспанскиот договор.

„Можеби ќе кажат дека последиците по Заев се страшни, но не верувам дека ќе можат нешто сериозно да променат“, тврди тој.