Проф.Давитковски: Процедурите со оставката на Заев ќе потраат барем еден месец

од Берта Китинска
366 прегледи

Процедурите со оставката на Заев ќе потраат барем еден месец. Дотогаш функционира старата Влада сè до формирањето на нова. Мицкоски си има агенда како да ја собори власта, како без избори да дојде на власт и тоа е легитимно, објаснува проф. д-р Борче Давитковски во  Утрински брифинг.

– Проблемот е што ова за првпат го гледаме во Македонија да се даде оставка и од премиерска и од партиска функција и многу субјекти се затечени од оваа постапка. Претпоставувам дека со ова паѓа и Извршниот одбор па и тој ќе мора да се собере по однос на ова прашање. Ќе мора под итно да работи капацитетно да не ни се случи економска криза, здравствена криза, а паралелно да го решава и прашањето со Бугарија но и да ги одржува надворешно политичките односи, коментира Давитковски за Утрински брифинг.

Тој вели дека доколку политичките партнери останат на безрезервната поддршка за 15 дена може да се најде замена на Заев.

.– Ако се паметни лидерите на политичките партии во земјава и го земат примерот на Германија каде во интерес на граѓаните две партии се споија и владееја заедно, добро би било и за нас да се изодат сите овие горливи прашања, а потоа може да се оди на избори. Во моментов предвремени избори се лоши и за демократијата и за стопанството и за сѐ е лошо, за „Утрински брифинг“ изјави Давитковски.

Слични содржини