Ситуацијата со коронавирусот во Бугарија станува критична

од Milan1
792 прегледи

Изминативе 24 часа во Бугарија се евидентирани 6.007 новозаразени што е 12,05 отсто од вкупно направените 49.862 тестови. Во болниците се примени 1.341 лице од кои 90,16% не се вакцинирани.

Вкупно на лекување во болниците има хоспитализирани 8.030 пациенти, а вкупниот број активни случаи во земјата е околу 100.000. На интензивна нега се 669 лица.Бројот на вкупно починати лица од почетокот на пандемијата се искачи на 24.309.

Министерот за здравство, Стојчо Кацаров и претставниците на струковите организации на Бугарија изутринава излегоа заедно со предупредување до граѓаните: „Ситуацијата е критична. Вакцинирајте се!“ Во Бугарија е многу силно антиваксерското лоби.

Откако првите денови по воведувањето на ковид сертификатите за влегување во затворен простор нагло се зголеми интересот за вакцинација, последниве неколку дена тој повторно опадна – вчера биле администрирани 14.545 дози. Бројката на вакцинираните од вкупното население е малку над 20 отсто.

Слични содржини