546
Горан Герасимовски новиот градоначалник на општина Центар ги покани на кафе неговите против кандидати за општина Центар со кои разговараше за развојот на општина Центар и првите приоритетни проекти.
-Ги поканив моите противкандидати на кафе и одлично си поминавме .Во кампањата имавме повеќе слични идеи и ова беше одлична можност да позборуваме за нив. Проектите кои се во интерес на граѓаните ќе ги прифатам и реализирам. Само заедно можеме да придонесеме за подобар и поубав Центар, напиша на Фејсбук, Герасимовски.