649
Најавата за оставка е личен чин кој апсолутно го поздравувам, вели директорот на ТИРЗ и член на СДСМ, Јован Деспотоски во дебатната емисија „Само вистина“.
Според него, тој верува дека одлуката за брзо време ќе биде спроведена.
-Треба да се даде малку простор, но не очекувам дека ќе се чека до декември, потенцира Деспотоски и додава:
-Toj e искусен политичар, не верувам дека е емотивна реакција. Верувам дека било тешко. Чувството на политичка одговорност е лично чувство. Не ја коментирам дали е исправна или не, но отвора простор за дискусија што понатаму. Не мислам дека ќе имаме Б или Ц сценарио, ставот на Заев беше јасен, вели Деспотоски.