964
Старо-новиот градоначалник на општина Гостивар, Арбен Таравари смета дека од морален аспект, премиерот Зоран Заев направил убав потег.
-Сепак сметам дека може да смени ставови, бидејќи го знаеме како човек кој трипати знаеше да каже различни нешта. Јас одамна кажував дека СДСМ и ДУИ ќе изгубат 2/3 третини од општините. Само луѓето околу премиерот не му кажувале каква е состојбата на терен. Обично Македонците, Албанците, Турците и сите други не гласаат за некого, туку казнуваат некого. 2017 му се случи на Груевски и сега истото му се случи на Заев, вели Таравари во емисијата „Топ тема“ и потенцира дека сега ВМРО-ДПМНЕ треба да биде трезвена партија и да не ги направи истите грешки како што ги направил Заев во изминатите 4 години.