Ордановски: Заев е единствениот кој себе се стави во ситуација да преземе одговорност за губење на локални избори

од Nikola Popovski
1,8K прегледи

Нова влада веројатно ќе има, иако прашањето не е едноставно. Гледам дека сите сега се занимаваат со тоа кој ќе го наследи Заев, што е нормално, вели новинарот Сашо Ордановски во емисијата „24 анализа“.

Според него, многу е важно тој што ќе го наследи премиерот, каква програма ќе преземе и дали ќе влезе во реформа на постоечкиот состав на владата.

-Ако се се сведе само на тоа Заев да го нема, а владата остане истата, тогаш не ѝ се пишува добро. Очигледно се гласаше повеќе од локални теми. Ова беше малку посилен црвен картон, смета Ордановски.

Тој наведува дека Заев е единствениот кој себе се стави во ситуација да преземе одговорност за губење на локални избори.

-Тој предизвика нешто невидено досега. Тој донесе вредносен систем и разбра дека неговата политика е оценета како негативна и дека следува оставка. Ова не е секојдневно во македонската политика, рече Ордановски.

Слични содржини