Проф. Трајковски: Бранот со позитивни лица на ковид започнува да се извишува

од Берта Китинска
724 прегледи

Не требаше долго да чекаме, само 10 дена беа доволни за да го видиме ефектот на укинувањето на сите мерки за баровите, ноќните и диско клубовите, пишува во својата нова ковид анализа проф. Дејан Трајковски.

-Дневниот број на случаи фати чекор со нагорната линија на трендот (зелената линија на првиот дијаграм), а седумдневната подвижна средина (портокаловата линија на истиот дијаграм) повторно заврти нагоре.

Но, не се само вкупните дневни броеви важни. Уште поважно е што, според МЗ, најголем неделен прираст на бројот на случаи има кај возрасната група од 20 до 29 години, што е најјасниот индикатор каде се случува главното заразување во моментот.

Јасно е дека бранот започнува да извишува. Можеби топлото време неделава ќе успева да го држи за узда, но и тоа нема вечно да трае. На сите им е јасно, само на нашите здравствени власти не им е јасно дека сме во нагорен тренд. Уште на 15.10 беше потврден минимумот од 08.10 и почетокот на новиот раст. Тие, пак, гледале само некаков распон од 300-400 случаи на ден, не знаеле дали броевите ќе растат или ќе опаѓаат и сметале дека токму сега (пред вториот круг на локалните избори) е вистинскиот момент за отворање на ноќните и диско клубовите, најопасните места за ширење на заразата. Сé беше очајнички фрлено на карта на губитничките избори, но бадијала – и таму трендот беше надолен, а со трендот не можеш да се бориш. Здравјето на нацијата повторно беше жртвувано поради популизам, поради една толку безначајна цел, која сепак не ги даде посакуваните резултати, пишува Трајковски.

Слични содржини