Од коронавирус почина 16-годишно девојче

од Берта Китинска
852 прегледи

Младата девојка од тетовско чија здравствена состојба пред три дена беше тешка како последица на коронавирусот, починало вчера утрото.

Викендов  за тешката состојба на 16-годишно девојче од тетовско Сиричино, информираше и директорката на Инфективната клиника – Милена Стевановиќ.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат почна постапка за да се утврди начинот на кој била лекувана 17-годишната девојка од демирхисарското село Сопотница, која пред неколку  дена почина на Инфективната клиника од ковид-19. Малолетничката лекувањето го почнала со матичниот лекар во Демир Хисар, по што била хоспитализирана во Битола, а починала на Инфективната клиника во Скопје каде девојката ја изгубила битката со вирусот.

Од Министерството за здравство најавија повеќе информации во текот на денот.

Слични содржини