Левандовски со нов рекорд во Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba
259 прегледи

Роберт Левандовски, гол-машината на Баерн, постави нов рекорд во Лигата на шампионите.

Со „хет-трик“ против Бенфика (5:2) во Минхен стигна до 81. гол во елитата во 100. меча.

Никој досега немал толкав процент на успех во Лигата на шампионите, па ни апсолутниот рекордер Кристијано Роналдо.

Каков голгетер е Полјакот, главниот кандидат за „Златната топка“ годинава, говори тоа дека Лионел Меси и Роналдо до 100. натпревар постигнале помалку голови во Лигата на шампионите. Меси имаше 77, а Роналдо 64. Да не зборуваме за другите како Карим Бензема (53), Раул Гонзалес (64), Андреј Шевченко (48) …

Левандовски е најдобар стрелец во Лигата на шампионите оваа сезона со осум гола на само четири натпревари, два повеќе од Себастијан Але од Ајакс.

Слични содржини