Големиот Кристијано Роналдо со два нови гола во вторникот го извлече од бездната Манчестер Јунајтед (2:2) против Аталанта во Лигата на шампионите, а камерите го фатија тренерот на „божицата“, како го пцуе Португалецот.
По средбата, новинарите јасно ги интересираше што толку многу го испровоцира ЏанПјеро Гасперини, а тој им се насмеа во лице.
„Зошто го пцуев Роналдо? Немам проблем со него, го опцув бидејќи е неверојатен играч, невозможно е да се бранам од него, не му се лутев ниту ме испровоцира било кој начин. Не разбирам како луѓето велат дека проблем за Јунајтед, а секој втор негов удар е гол“, се насмеа Гасперини по натпреварот.
Шефот на Аталанта вели дека заслужил многу повеќе од бод од двата натпревари против Јунајтед. Водеа на Олд Трафорд и загубија, водеа синоќа и освоија само еден бод…