Во овој момент, најдобро решение за Македонија е брзи парламентарни избори со почитување на уставните и законски рокови кои ќе донесат стабилна влада, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Брзи избори за кои нема да има алтернатива. Изборите се светлото на крајот од тунелот тие се патот до промените кои само тогаш ќе бидат целосни“, порача Мицкоски.