433
МВР информира дека 77-годишен жител на скопско село бил измамен од две лица.
Според пријавата, лицата побарале и добиле пари на позајмица за да ги искористат во врска со наводната сообраќајна незгода, а како залог му оставиле часовник.
Откако лицата подолг период не дошле да го вратат кредитот, сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.