Јунајтед фаворит за потписот на американски тинејџер

од Vladimir Zorba
321 прегледи

Манчестер Јунајтед е блиску до привлекување на напаѓачот на Далас, Рикардо Пепи. 18-годишниот талент од почетокот на сезоната предизвика бура во МЛС-лигата, со 13 гола и 2 асистенции на 30 натпревари, што го привлече вниманието на „црвените ѓаволи“ кои се подготвени да направат понуда за него.

Пепи со добрите игри им го привлече вниманието на другите европски гиганти, меѓу кои Ливерпул, Челси и Манчестер Сити, но според информациите на „Ил Ресто дел Карлињо“, Манчестер Јунајтед е чекор понапред од своите конкуренти.

Интересот на Јунајтед и останатите големи тимови за Пепи сериозно ќе ги побрка плановите на Болоња. Италијанскиот клуб прв го најде Американецот и планираше да го земе во своите редови во јануари, но сега се чини дека таков трансфер нема да се оствари.

Слични содржини