320
Рома размислува да го врати дефанзивецот Антонио Рудигер на лето.
На Германецот му истекува договорот со неговиот сегашен клуб Челси и тој ќе биде слободен играч по завршувањето на сезоната, а „Волците“ се подготвени да го искористат овој факт и да го земат без трансфер сума, пишува Газета дело спорт.
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо не крие дека сака да ја засили одбраната на тимот и бара различни опции. Тој е склон да го земе Рудигер на Олимпико, кој може да биде доста корисен со своето големо искуство, а добро ги познава и состојбите во тимот.