Разговор за помалку од 20 секунди го спречи Кристијано Роналдо од трансфер во Манчестер Сити, кој беше договорен до последен детал. Повикот дојде од легендарниот Сер Алекс Фергусон, кога Португалецот секогаш го опишуваше како негов „фудбалски татко“.
Според Мирор, договорено било се околу трансферот на Роналдо од Јувентус во Манчестер Сити, бидејќи „граѓаните“ се договориле со „бјанконерите“ да платат 25 милиони фунти за Португалецот. Во тој момент Фергусон, кој неодамна призна дека не може да издржи да го гледа Кристијано во небесно син дрес и затоа интервенирал, му се јавил на Роналдо и единственото нешто што му рекол е „не оди во Сити“ (на англиски се се точно три збора – „don’t join City“).
Шкотланѓанецот потоа затворил. На CR7 му станало јасно по решителниот тон со кој Фергусон ги кажал спорните зборови дека Јунајтед веќе работи да го врати на „Олд Трафорд“, што се случи неколку дена подоцна.
Утре Манчестер Јунајтед му гостува на Манчестер Сити на „Олд Трафорд“ во дербито на Манчестер, за кое сите навивачи на „црвените ѓаволи се надеваат дека ќе биде решено во нивна корист од Кристијано Роналдо, кој беше најзаслужен за победата над Тотенхем и ремито со Аталанта, постигнувајќи три гола во тие два натпревари, кои моментално го спасуваат Оле Гунар Солскјер.