Цветковски познат како Вегета доби кривична пријава за марихуана

од Берта Китинска
611 прегледи

Независниот кандидат за градоначалник на Охрид, Гоце Цветковски кој стана познат во јавноста како Гоце Вегета бил фатен во станот во кој престојувал му биле најдени две зип-кесички со „трева“, 21 семка и гранки од канабис.

-СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Ц.(40) од охридското село Подмолје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес во стан во Охрид, каде престојувал пријавениот, пронајдени се и одземени две кеси со марихуана, 21 семка и гранки од растението канабис, соопштија од полцијата.