Садику: Лидерот на ДПА ме продаде многу евтино на ДУИ во Студеничани

од Берта Китинска
486 прегледи

Новоизбраниот градоначалник на Студеничани Азем Садику, кој официјално  од својата  матична  партија ДПА премина во редовите на Алијансата за Албанците, за својата одлука вели дека е одговорен лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

„Бев кандидат на ДПА и на изборите победив како кандидат на ДПА. За жал по првиот круг кога победив убедливо против кандидатот на ДУИ, лидерот на ДПА ме продаде многу евтино и се подготвија заедно со ДУИ да ја сменат волјата на Студеничани. Но, наидоа на клинец, иако државниот апарат беше силно ангажиран, со власта, со полицијата, но и покрај нив малку ги зголемија своите гласови со поддршка на Алијанса и со поддршка на граѓаните на Студеничани. Повторно победив на изборите. До крајот бев лојален на идеологијата на ДПА, но по ова предавство од ДПА решив да влезам во редовите на Алијанса “, рече Садику во изјава дадена за медиумите.

Од Алијанса за Албанците денеска преку својот Фејсбук профил соопштија дека Садику од ДПА преминува во нивната партија.

„Градоначалникот на Студеничани г-дин Азем Садику сега е дел од големото семејство на Алијансата за Албанците. Нему му се придружија и локални структури кои не прифатија пазарење со актуелната власт. Победи праведноста и чистотата!“, информираат  од Алијанса за Албанците.