Во текстот „Бугарија, Европа или „македонска салата“ – кој и што го сруши Заев“ објавен на бугарскиот њуз портал „Дневник“, претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов зборуваше за причините за поразот на СДСМ на локалните избори.
„Преспанскиот договор, договорот со Бугарија и ветото, кое покажа дека Западен Балкан нема перспективи. Европската унија ни ја тресна вратата точно пред изборите“.
Говорејќи за договорот со Бугарија, Трајанов го употреби изразот „заеднички корени“, според него, дел од документот.
Замолен да прецизира, поради тоа што во договорот пишува „заедничка историја“, а не „заеднички корени“, рече дека „Бугарија под заедничка историја разбира, дека Македонците се некаков дел од Бугарите.
Тоа е неприфатливо кај нас и ги засили емоциите и патриотските чувства. Тоа ја рушеше поддршката за Заев.
“Изгубивме и поради лошата изборна кампања, смета Трајанов. „Кампањата на СДСМ беше катастрофа – пример од учебниците како се губат избори. Заев рече: ако го изгубиме Скопје, ќе си поднесам оставка. Секој кој сакаше Заев да падне, гласаше против него. Имаше национални прашања и тие беа присутни во кампањата, наместо да водиме кампања за градоначалници и советници. Ние водевме кампања како ќе се движи државата отсега па натаму. Но државата не може да се движи, ако ни кажат: нема перспектива за Западен Балкан. „А зошто не може? Та ние дури си го сменивме и името“, велат луѓето.“