Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши вечерва изјави дека имале иницијатива за собирање потписи за интерпелација на Владата.
-Ние како опозициска партија и коалиција нормално е дека се потпишавме и вечерва сите заедно и направивме една фотографија, за да докажеме дека потписите се собрани. Како ќе тече понатаму процесот, ќе видиме. Очекуваме да видиме како ќе реагираат другите, рече Гаши во изјава за ТВ Сител пред Собранието.
Според него, процесот се одвива заради интерпелација на Владата.
-Ако се изгласа недоверба, почнуваат други рокови и тогаш почнува процесот за мандатар. Алтернатива нема да биде дел од Влада, која се повлекла од евроатлантските процеси. Вечерва не стана збор за влада или предвремени избори. Нема договор. Се собравме за да докажеме дека имаме 61 пратеник, повтори Гаши.