Нова Влада или брзи избори, сите опции се во игра, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски по најавата за новото парламентарно мнозинство
„Обезбедивме мнозинство кое ќе гарантира дека оваа Влада на Заев и на СДСМ е минато. Ако Заев не ја поднесе оставката тогаш ќе и изгласаме недоверба на Владата. Очекуваме да ја поднесат оставката, а за сите други детали јавноста ќе биде дополнително информирана, “рече Мицкоски, најавувајќи прес-конференција за утре.
Тој рече дека има две опции, ова мнозинство да проба да избере нова политичка Влада, која, како што рече, ќе продолжи со реформите и борбата против корупцијата, а втората, ако не се успее во тоа, е да се оди на брзи предвремени избори.
„Како што реков ова мнозинство е гаранција дека Владата на Заев е минато. За се друго потоа треба да седнеме и да се договараме, за програмски определби и за други прашања“,рече Мицкоски.
Договорот за ново парламентарно мнозинство го потврдија претставници на сите партии за кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ објави дека ја срушиле владата и формирале ново мнозинство од 61 пратеник.
претседателот на Левица Димитар Апасиев и генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари во изјава при излегување од парламентот рекоа дека има ново парламентарно мнозинство.
„Да, има ново мнозинство. Тоа е официјално. Имаме 61, со тенденција до 64“, рече Апасиев.
– Ново мнозинство, 61, рече Таравари исто така на новинарско прашање.
Африм Гаши од Алтернатива во изјава за медиумите потврди дека засега е постигната согласност за изгласување недоверба на Владата.