Уште во првите денови од мандатот, градоначалниците на Мицкоски го покажаа своето вистинско режимско лице.Се бркаат луѓе од работа во Јегуновце, прекинати се договори за работа на лица ангажирани и во други општини, велат од СДСМ.
-Наместо да се чистат, се трупаат дивите депонии во општините Ѓорче Петров и Бутел.Не се почитува Уставот, наместо интересот на граѓаните се тера политиканство во Штип, Кисела Вода, Аеродром.Значи едно зборуваат од ВМРО-ДПМНЕ а сосема друго прават.
Останува фактот дека за разлика од пред четири години кога општините беа заглавени во долгови, денес општините се во одлична финансиска состојба.Ако на градоначалниците на ВМРО- ДПМНЕ им се потребни јавни насоки за да работат, јасно е дека за нив поважен е Мицкоски од интересот на граѓаните, соопштија од партијата