452
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против малолетник од с.Двориште, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.
Во декември 2020, тој на социјалната мрежа „Фејсбук” пронашол објава за продажба на пиротехнички средства, по што телефонски нарачал 604 парчиња, кои на 25.12.2020, при испораката на пратката, биле одземени.