На Џолев му заврши мандатот, ќе се избира ВД претседател на скопскиот Кривичен суд

од Vladimir Zorba
487 прегледи

Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната седница треба да донесе одлукa за определување вршител на должност – претседател на Основниот кривичен суд Скопје.

Членовите на Судскиот совет треба да изберат ВД претседател на скопскиот Кривичен суд, бидејќи минатата недела на актуелниот претседател на Судот, судијата Иван Џолев, му заврши мандатот.

На дневен ред на денешната седница се и барањето од судија во врска со утврден надоместок на трошоци за превоз, како и Одлуката за престанок на судиска функција пoради исполнување на услови за старосна пензија.

Слични содржини