Легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона заработуваше огромни пари во текот на фудбалската кариера, но неговиот хаотичен живот, како и проблемите со дрогата и бројните љубовни афери, го одведоа во финансиска пропаст.
Со тоа мака мачат и неговите наследници, на кои, според аргентинските медиуми, Марадона им оставил долг од околу 86.000.000 евра кога починал од срцев удар во 2020 година.
Неговите деца во Буенос Аирес мораат да го продадат имотот за да го „подмират“ долгот, а меѓу другото, на лицитација ќе биде вклучена и вила со базен во Вила Девоте, луксузен кварт на главниот град на Аргентина и куќа со базен во одморалиштето Мар дел Плата.
Тоа не е се, бидејќи наследниците се принудени да ги продаваат и неговите автомобили – BMW 750I, BMW M4 и Hyundai H1. На аукцијата ќе се најдат и многу лични предмети складирани во два магацини.
Аукцијата започнува на 19 декември, а парите ќе бидат наменети само за враќање на долговите кои меѓу другото настанале поради одржување на тие средства и трошоци за складирање.