Инвазија на Полска: Мигранти ја уриваат оградата на границата (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
501 прегледи

Илјадници мигранти, кои белоруската армија ги придружуваше до границата со соседна Полска, се обидоа да ја урнат жичената ограда што беше поставена за да ги спречат да влезат во земјата. Зад оградата има полициски кордон, а полските власти објавија дека околу 12.000 војници се во близина на границата, доколку има акција против Белорусија.

Мигрантите со лопати и ножици се обидоа да ги надминат пречките што Полска ги поставила на граничниот премин.

Откако утрово белоруски војници ги спроведоа мигрантите до границата, полските власти итно реагираа и испратија голем број војници да ја чуваат самата граница. Според првичните проценки, сега има околу 3.000 мигранти и 12.000 војници.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки најави дека ќе разговара со претседателот и министерот за одбрана, но веќе е јасно, според нив, дека Белорусија провоцира, а акцијата нема да изостане.

„Секое сценарио е можно и очекувано“, соопшти полското Министерство за одбрана.