Денеска го отпочнувам својот четиригодишен мандат како ваш градоначалник, во градот Скопје. Она што е навистина важно е дека заедно, уште од првиот ден отпочнуваме со јасно, транспарентно, вредно, чесно и посветено да работиме на сите оние проекти, кои беа во визијата и во програмата за модерно и европско Скопје, изјави новата градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, после официјалното примопредавање на функцијата.
Според неа, уште поважно е дека од денес, од првиот ден на нејзиниот мандат со Скопје, ќе започне со реализација на сите оние проекти предвидени за реализација во првите 82 дена.
-Заедно ќе направиме во следните 4 години, Скопје да биде навистина прекрасна, европска и модерна метропола, рече Арсовска.
Поранешниот градоначаник на Скопје, Петре Шилегов денеска со прекрасен гест ја дочека Арсовска. Тој ѝ подари буќет цвеќе на дамата.