Сијарто: Оградата е единствениот начин да се запре миграцијата

од Nikola Popovski
414 прегледи

Единствениот ефикасен начин да се запре илегалната миграција е подигнување на огради на границите, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на заедничката прес-конференција со летонскиот колега Едгарс Ринкевиц.

Тој додаде дека е апсурдно што Европската унија се уште не покажува волја да ја финансира изградбата на границата во Унгарија, пренесе агенцијата МТИ.

Сијарто изјави дека притисокот врз ЕУ кој доаѓа од југ, југоисток и исток е „без преседан“.

„Сега Летонија, Литванија и Полска се соочуваат со истите проблеми како Унгарија од 2015 година“, рече Сијарто.

Без огради, смета тој, нема полиција или воена сила која би можела да заштити стотици километри од границата.

„Тешко е да се разбере зошто Европската комисија финансира се што ја интензивира миграцијата, наместо да најде начин да ја потисне. Тие се однесуваат како да не се од оваа планета, блокирајќи ја поддршката на земјите кои сакаат да ја кренат оградата“, нагласи унгарскиот министер, пренесува Танјуг.

Сијарто ја повика ЕУ да се откаже од „напорите насочени кон промена на составот на населението во Европа“.

Слични содржини