495
Во четврток ќе имаме финале на целата ситуација, која според мене ќе има две сценарија. Едното сценарио е влада со целосен политички капацитет, кој ќе се справува со кризата и второто е фаза 2 на политичка нестабилнст, која ќе се рефлектира на економијата и енергетиката, вели директорот на ТИРЗ, Јован Деспотоски во емисијата „24 анализа“.
Според него, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во последните денови не кажал збор со плановите кои ги засегаат граѓаните.
-Тој зборуваше само за сопствените планови. За неполни 72 часа, ќе знаеме многу работи. Имаме рингишпил на политичките ставови. Мицкоски немаше ниту збор за тоа како ќе ја решава кризата. Владата сама не се руши, изјави Деспотоски.