Ахмети денес се сретнал и со Мицкоски

од Nikola Popovski
392 прегледи

Покрај средбата со премиерот Зоран Заев, денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети имал средба и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Од ДУИ соопштиле дека средбата била информативна за да се слушнат ставовите на Мицкоски за Преспанскиот договор, новото име на државата и спорот со Бугарија.

Претходно Ахмети се сретна и со премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев откако тој беше повикан од претседателот на Собранието Талат Џафери за да биде информиран за поднесената иницијатива за гласање доверба на Владата, но и за следните деловнички чекори.

Џафери за во четврток во 11 часот ја закажа седницата за гласање доверба во Собранието.

 

Слични содржини