Бектеши: Tреба да има одговорност, но првo да се справиме со енергетската криза

од Берта Китинска
311 прегледи

Министерот за економија, Крешник Бектеши, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарското прашање истакна дека според неговото лично мислење, треба да има одговорност, но дополни дека прво, треба да се справат со енергетската криза.

-Мое лично мислење е дека има одговорност,  но најпрво да се справиме со енергетската одговорност, а потоа ќе реагираме за личната одговорност, изјави Бектеши.

Владата на денешната седница прогласи кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија во траење од 30 дена.

Слични содржини