Денеска на моја иницијатива до советот на Општина Аеродром беше поднесено барање за започнување на постапка за бришење на две градежни маркици во Реонски Центар каде беше предвидено да се гради општинска зграда и станбена зграда, информира вечерва новиот градоначалник на општината, Тимчо Муцунски.
Тој потенцира дека е среќен што советот ја изгласа оваа иницијатива и дека конечно ќе се слуша гласот на граѓаните.
-На ова место во нашата програма предвидовме да има парк од 5000м2 со монтесори содржини. Промените на владеење во Општина Аеродром се случуваат. Одговорното работење е наш приоритет!, додава Муцунски.