Д-р Хасан: Имаме потреба од рестриктивни мерки

од Nikola Popovski
418 прегледи

Ако продолжат да растат бројките, како што е сега моментално, мислам пак ќе мораме да имаме рестриктивни мерки, вели д-р Танер Хасан од ГОБ „8-ми септември“ во интервју за ТВ 24.

Според него, доколку во спротивно не се направи тоа, ќе мора повторно да ги затворат болниците.

-Нема да можеме да ги видиме останатите пациенти што имаат исто така потреба од лекување, што имаат други болести. Во последно време се опуштивме малку, а трговските центри се најризични, вели д-р Хасан.

Тој укажува дека во овој петти бран зголемувањето на раст на заразените, се должи на тоа што голем дел од пациентите немаат примено втора доза.

-Помалку имаме пациенти кои бараат хоспитализација со примена втора доза, информира докторот.

Слични содржини