Доцна синоќа, на паркингот пред зградата во која живеам, оштетен е мојот автомобил. Случајот е пријавен во полиција и очекувам брзо откривање на сторителите на овој подмолен напад врз мене и мојот имот. Ова почитувани, е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, партија која не е поместена од режимската матрица на насилство, закани и притисоци, вели советничката и претседателка на ОО СДСМ Аеродром, Љубица Јанчева во изјава за медиумите.
Според неа, ова е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, партија која не е поместена од режимската матрица на насилство, закани и притисоци.
-Ова го покажува очајот, немоќта и фрустрациите на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски. Ваквото насилничко однесување нема да помине. Нема да ме уплашат ниту мене ниту кој било кој е на страната на демократските вредности, на страната на прогресивните сили. Времето на закани, насилство и притисоци врз политички неистомисленици заврши со падот на режимот и тоа време нема да се врати, појасни Јанчева.
Таа утрово објави фотографија на која нејзиниот автомобил бил испрскан и залепен со пурпена на вратите и багажникот.