„Плачам секој ден“: Позната манекенка објави вознемирувачки фотографии

од Vladimir Zorba
659 прегледи

Бела Хадид, една од најбараните манекенки во моментов во светот, објави неколку фотографии на кои плаче, откривајќи дека често се чувствува несигурно и вознемирено.

Постарата сестра на подеднакво успешната Џиџи Хадид изјавила дека била инспирирана да објави фотографии од тежок период во нејзиниот живот кога ќерката на Вил Смит, Вилоу, зборувала за сè низ што поминувала.

Бела на Инстаграм сподели серија фотографии на кои плаче, а потоа им се обрати на своите следбеници.

„Вилоу, те сакам тебе и твоите зборови. Ме прават да се чувствувам помалку осамена и затоа сакам да го објавам ова. Понекогаш сè што треба да слушнете е дека не сте сами. Значи од мене до вас – не сте сами. Сакам да знаете дека секогаш има светлина на крајот од тунелот и дека тобоганот секогаш во одреден момент целосно застанува“, напиша меѓу другото познатата манекенка.

Во јануари годинава Бела зборуваше за нејзината борба со тешка депресија и анксиозност уште од тинејџерските години. Таа призна дека направила мала пауза од социјалните мрежи за да се концентрира на своето ментално здравје.

„Одвојте време за вашето ментално здравје. Секогаш се исплати да го искористиш целиот свој потенцијал“, рече тогаш таа.

Слични содржини