Алтернатива не мисли дека брзи предвремени избори се излез од ситуацијата

од Берта Китинска
309 прегледи

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши денеска на прес конференција посочи дека утре ќе гласаат за недоверба на Владата.

Воедно тој рече дека ставот на партијата е дека не треба да има брзи избори со оглед на енергетската криза и пандемијата, но оти треба да има нова влада изгласана од актуелниот собраниски состав.

„Алтернатива не мисли дека брзи предвремени избори се излез од ситуацијата, мислиме дека треба да се формира друга нова влада. Какво мнозинство ќе има ќе видиме низ процедури, кој пред претседателот Пендаровски ќе потврди дека го има мнозинството и кој може да формира влада. Мислиме дека во ваква криза, пандемија и енергетска криза не би било добро да има избори.Ние би прифатиле да влеземе во влада само со партии кои имаат јасни определби – евроатлантски курс и добрососедски политики“,рече Гаши.

Слични содржини